More

    Најмалку 59 мигранти се удавија крај Грција

    spot_img

    Најмалку 59 мигранти се удавија во водите крај Грција, што е најтешката несреќа од ваков вид во таа земја годинава, соопшти грчката крајбрежна стража.

    До пладне спасени се 104 лица, но се уште не се знае точно колку луѓе имало на бродот кога потонал, соопштија властите.

    „Се плашиме дека бројот на загинати ќе се зголеми“, рече претставник на грчкото Министерство за поморство, кој сакаше да остане анонимен.

    Бродот првпат беше забележан од авион на Фронтекс во вторник попладне во меѓународни води на околу 80 километри југозападно од грчкиот град Пилос. Мигрантите ја одбиле помошта на бродот на крајбрежната стража. Неколку часа подоцна, бродот се превртел и потонал.

    Државната телевизија ЕРТ објави дека отпловила од либискиот град Тобрук, кој се наоѓа јужно од Крит, а во него имало претежно млади мажи на возраст од 20 години. Тие отпатуваа за Италија. Официјален претставник на Министерството за поморство изјави дека мигрантите биле главно од Египет, Сирија и Пакистан.

    Преживеаните се префрлени во Каламата. Речиси 72.000 бегалци и мигранти пристигнаа оваа година во Италија, Шпанија и Грција, како и во Малта и Кипар, според податоците на ОН. Повеќето од нив пристигнаа во Италија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img