More

    Војници седнале да одморат, верувале дека се на безбедно, но смртта стигнала за дел од секундата

    spot_img

    На социјалните мрежи кружи застрашувачко видео од артилериски напад во Украина.

    На видеото снимено на еден од фронтовите може да се види група војници како седат и одмораат, верувајќи дека се на безбедно место, но наеднаш паѓа граната, по што следи заглушувачка експлозија.

    Малку е веројатно дека некој успеал да преживее.

    Снимката е со слаб квалитет и не може прецизно да се утврди дали на неа се гледаат украински војници или припадници на руските сили. Засега ниту една од завојуваните страни не се огласи.

    Не се знае каде точно е направена снимката.

    Рускиот претседател Владимир Путин, да потсетиме, изјави дека Украина трпи големи загуби од почетокот на офанзивата.

    Путин рече дека големата контраофанзива на Украина трае од 4 јуни и дека Киев користи специјално подготвени резерви и напаѓа во четири правци.

    – Непријателот не беше успешен во ниту еден сектор. Имаат големи загуби – рече шефот на државата и нагласи дека вооружените сили на Украина досега изгубиле најмалку 160 тенкови и 360 оклопни возила.

    Во исто време, како што вели, опремата што ја уништи Русија сочинува 25-30 отсто од вкупниот обем на воени возила што Западот му ги префрли на Киев.

    – Украина има загуби кои сѐ уште не сме ги виделе, а кои се нанесуваат со прецизно оружје со долг дострел на концентрацијата на жива сила и опрема. Затоа Украина има многу повеќе загуби – вели Путин.

    Според него, вооружените сили на Украина имаат и значителни загуби во персоналот.

    – Ако земеме непоправливи загуби, јасно е дека одбранбената страна има помалку загуби, но сепак овој сооднос е еден спрема десет во наша корист. Имаме десет пати помалку од загубите на вооружените сили на Украина – изјави шефот на државата.

    Путин укажа на големите загуби на полските платеници кои се борат на страната на Киев.

    – Варшава крие информации за ова дури и од сопственото население – рече Путин и истакна дека Москва постепено и методично се занимава со демилитаризација на Украина.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img