More

    В петок предупредувачки протест на вработените во Царина

    spot_img

    Вработените во Царинската управа во петок на пладне ќе протестираат, најави Синдикатот на работниците од управата, правосудните органи и здруженија (УПОЗ). Тие бараат додаток на платата од 30 отсто кој им бил ветен со колективниот договор. Од УПОЗ велат дека почнува долгото жешко лето бидејќи следуваат и други протести по други институции.
    – Како што најавивме дека ќе имаме жешко синдикално лето, в петок од 12 часот имаме протест во Царинската управа. Вработените во Царинската управа, иако со години имаат право на додаток од 30 отсто, тие не го добиваат. Тие обезбедија 30 отсто покачување на платата во Министерство во финансии, во други институции не добиваат. Ќе направиме предупредувачки протест за вработените во Царинската управа, кои го полнат буџетот со повеќе од 50 отсто. Знаеме дека има нов директор, чекаме прием, да видиме дали ќе нѐ сослуша. Не се откажуваме од барањето. Не нѐ интересира дали има нов или стар директор – изјави Трпе Деноски, претседател на УПОЗ.

    Новиот директор на Царинска управа, Стефан Богоев, ќе биде дочекан на новата функција со протест на вработените, кои бараат додаток од 30 отсто на платите, кој им бил ветен со колективниот договор. Поранешниот градоначалник на Општина Карпош и актуелен потпретседател на СДСМ ќе дојде на чело на Царина на местото на Славица Кутиров.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img