Азаренка: Стресот во приватниот живот, ми беше премногу

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Искусната белоруска тенисерка Викторија Азаренка ненадејно реши да го напушти натпреварот од третото коло на турнирот во Мајами во моментот кога загуби со 6:2, 3:0 од 16-годишната Чехинка Линда Фрухвиртова, 279-та играчка во светот. . Тениската јавност остро реагираше на ваквата одлука на 32-годишната „Вајке“, а таа излезе со соопштение за медиумите.

Азаренка објасни што е причината за одлуката што ја шокираше публиката.

„Не требаше да излезам на теренот. Последните неколку недели приватно ми беа исклучително стресни. Последниот меч ме исцрпи, но сакав да играм пред одлична публика која многу ми помогна. Сакав да се оддолжам, но тоа беше грешка. Ќе паузирам, па ќе се вратам. Им се извинувам на навивачите за тоа што се случи бидејќи беа одлични и навиваа за мене. Отсекогаш со нетрпение го очекував предизвикот на конкуренцијата, но денес тоа беше премногу за мене. Ќе морам да научам нешто од ова. Сакам да и честитам на противничката и да и посакам многу среќа до крајот на турнирот и во целата нејзина професионална кариера“, се вели во соопштението на белоруската тенисерка.

Викторија Азаренка зад себе има исклучително успешна кариера во која беше прва играчка на ВТА-листата, а два пати го освои Австралија опен – во 2012 и 2013 година.

Share This Article