Основачот на руската паравоена група „Вагнер“ Евгениј Пригожин, кој и понатаму има несогласувања со руското Министерство за одбрана изјави дека неговите платеници можеби нема да останат во Украина на прашањето каде групата ќе се бори понатаму.
– Не сум сигурен дека ќе останеме во Украина – посочи Пригожин, чии војници неодамна го зазедоа Бахмут во име на Русија по најдолгата и најсмртоносната битка во војната.
Пригожин често користи сарказам или иронија во своите изјави.
– Ќе видиме за месец и пол или два дали украинската контраофанзива беше успешна – подвлече тој, коментирајќи ја украинската армија.
Тој нагласи дека „секоја офанзива и нејзините резултати мора да се проценат откако ќе се исцрпи офанзивниот потенцијал на непријателот“.
– Како што јас разбирам, украинскиот офанзивен потенцијал е далеку, далеку од исцрпеност. Ќе бидат потребни месец и пол до два месеци и потоа ќе треба да одлучиме дали ја постигнаа целта или не – потенцира Пригожин.