Оваа недела финалето на Лигата на нации на УЕФА ќе се игра во Холандија, а за трофејот ќе се борат Шпанија, Италија, Хрватска и Холандија.
Дел од овој спектакл ќе биде и најдобриот судија од Босна и Херцеговина, Ирфан Пељто, кој ја доби честа да суди на еден полуфинален натпревар.
Пељто ќе биде четвртиот судија на натпреварот меѓу Шпанија и Италија во полуфиналето на ова натпреварување.
Натпреварот се игра в четврток со почеток од 20:45 часот, а главен судија ќе биде Словенецот Славко Винчиќ.
Во вториот натпревар силите ќе ги одмерат Холандија и Хрватска.