Полицијата го опколи центарот на градот Нотингем во централна Британија, откако рано утринава беа пронајдени три тела на различни локации. Полицијата веднаш по инцидентот го уапсила осомничениот за убиството на триото.
Три лица се во болница откако непознато лице се обидело да ги прегази со комбе.
Полицијата се сомнева дека овој инцидент е поврзан со горенаведените жртви, бидејќи се случил откако нешто по 4 часот по полноќ биле пронајдени две тела во улица во центарот на градот. Подоцна во друга улица е пронајдено уште едно тело, објавија британските медиуми.
Портпаролката на полицијата Кејт Мејнел го опиша инцидентот како ужасен и трагичен. Таа рече дека веруваат дека трите инциденти се поврзани и еден 31-годишен маж е приведен.
Таа нагласи и дека истрагата е во почетна фаза и дека полицијата работи на откривање што точно се случило. Таа ги повика граѓаните да бидат трпеливи, бидејќи многу патишта во градот ќе останат затворени во текот на истрагата.