Пандев му порача на Османи дека на фудбалерите не им требаат пасоши

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

„Смешен си господине и жален. Гледај си политика и пушти ги хероите да уживаат. За нив треба споменици, а не пасоши“, напиша македонската фудбалска легенда Горан Пандев на Инстаграм, откако министерот за надворешни работи Бујар Османи најави дека по повод победата над Италија ќе им додели дипломатски пасоши на Енис Барди, Александар Трајковски и на селекторот Боби Милевски.

Османи најави дека ако победат против Португалија сите репрезентативци ќе добијат дипломатски пасоши иако законот не предвидува такво нешто.

Покрај тоа, премиерот Димитар Ковачевски вети 500.000 евра ако утре репрезентацијата на Македонија ја победи Португалија и со тоа се пласира на Светското првенство во Катар 2022.

фото: МИА

TAGGED:
Share This Article