Пеп Гвардиола конечно со Манчестер Сити го освои трофејот во Лигата на шампионите и со тоа ја стави круната на големата работа што ја работи во синиот дел на Манчестер од 2016 година.
Оттогаш, шпанскиот стручњак има освоено пет титули во англиската лига, два ФА купа, четири Лига купа и два Комјунити Шилд, покрај гореспоменатата Лига на шампиони.
Англиски Гардијан пишува дека Гурадиола одлуката да го напушти Сити ја донел во 2025 година, кога му истекува актуелниот договор. После тоа ќе се посвети на работата на селекторот на репрезентацијата, најверојатно Шпанија.
Покрај Сити, во кариерата раководеше со Барселона Б, Барселона и Баерн.