Пензионираниот фудбалер Жерар Пике (36) и неговата девојка Клара Чиа Марти (24) одлучија да го тужат фотографот Жорди Мартин поради вознемирување.
Двојката е снимена како ја напушта судницата, а фотографот наводно е тужен поради постојано следење.
Од судијата побарале и забрана за приближување. Како што пренесуваат шпанските медиуми, фотографот не смее да им пријде на помалку од три километри.
Инаку, медиумите ѝ понудија на Клара милион долари за фотографија во костим за капење, како што пишува „Essentiallisports“.
Папараците веќе се обидоа да ја „уловат“ во вакво издание, но безуспешно.
Да потсетиме, Пике беше 12 години во врска со пејачката Шакира (46), а раскинаа откако тој ја изневери токму со Клара.
Шакира и Пике имаат две деца, Милан (10) и Саша (8), а пејачката неодамна со нив се пресели од Барселона во Мајами.