Рафаел Надал кој е 14-кратен освојувач на Ролан Гарос и оваа година не можеше да ја брани титулата поради повреда, но неколку минути по мечот му испрати порака на својот голем ривал Новак Ѓоковиќ, откако попладнево српскиот тенисер го освои Ролан Гарос и испиша нов тениска историја.
Шпанецот се огласи преку социјалните мрежи и му честиташе на најголемиот грен слем шампион, кој од утре се враќа и на првото место на АТП листата.
„Големи честитки за ова неверојатно достигнување. 23 е број кој пред неколку години изгледаше незамислив, но ти успеа во тоа! Уживај со семејството и со твојот тим!“, порача Надал.