Работна група на СДСМ ќе ги продолжи разговорите со ВМРО-ДПМНЕ

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

ЦО на СДСМ оцени дека е добро што на средбата со опозициската ВМРО-ДПМНЕ е воспоставен дијалог во исклучително важен момент за иднината на државата, истакна по седницата на ЦО на СДСМ, портпаролката на СДСМ, Богданка Кузеска.

– СДСМ уште еднаш покажа државнички капацитет и понуди рака за отворен дијалог. Пред земјата и граѓаните е историска шанса за продолжување на историскиот пат и воспоставениот дијалог може да придонесе кон носење одлуки за европската иднина на земјата и доброто на граѓаните. Остварувањето на генерацискиот сон е во рацете на политичките партии – рече таа.

Кузеска истакна дека СДСМ го поздравува првиот чекор што го направи претседателот на ВМРО-ДПМНЕ со прифаќањето на уставните измени.

– ЦО на СДСМ оценува дека сето ова е добра основа за продолжување на дијалогот со сите парламентарни политички партии. Врз основа на заклучоците, ЦО на СДСМ, донесе одлука за формирање на работна група за продолжување на разговорите со ВМРО-ДПМНЕ и сите други парламентарни политички партии за операционализација на следните конкретни чекори. Работната група ќе ја предводи генералниот секретар на партијата Миле Зечевиќ – информира Кузеска.

Мицкоски попладнево од Охрид демантираше дека прифатил уставни измени. Кузеска не сакаше да ја коментира таа изјава, затоа што, како што рече, тоа се однесувало на условите за кои се зборувало на лидерската средба.

Share This Article