Русија ќе започне со распоредување на тактичко нуклеарно оружје во Белорусија на 7 или 8 јули, соопштено е по средбата на рускиот претседател Владимир Путин со неговиот белоруски колега и сојузник Александар Лукашенко, во Сочи.
Путин на 25 март објави дека Москва ќе распореди тактичко нуклеарно оружје на територијата на Белорусија, земја на границата на Европската унија. Двете соседни земји формално се дел од „заедничката држава“ и со години се во разговори за понатамошна интеграција, процес што се забрза минатата година откако Минск и дозволи на Москва да ја користи белоруската територија за испраќање војници во Украина.
Белорусија се граничи со Литванија и Латвија на север и со Полска на запад, земји кои се дел од источното крило на НАТО.
САД и другите сојузници на Украина изразија загриженост поради руското распоредување на тактичко нуклеарно оружје во Белорусија, а американскиот претседател Џо Бајден го нарече „загрижувачко“.