На железничката станица Караѓорѓев Парк во Белград за малку ќе се случила несреќа кога жена со дете се движела по шините и во последен момент избегнала да ја удри воз.
На социјалните мрежи се појавија снимки од надзорните камери на кои се гледа жена со мало дете како оди по шините за да стигне до станицата. Според датумот, инцидентот се случил на 31 мај годинава.
Кога слушнала брз воз кој доаѓа од зад неа, почнала да трча и да го влече детето со себе.
Млад човек кој бил на перонот скокнал во последен момент и ги извлекол неа и детето од шините, за да не ги удри возот кој доаѓал кон станицата.