More

    Велика Британија воведе дополнителни санкции за Белорусија, сојузник на Москва

    spot_img

    Со новиот закон кој денеска стапи на сила, Велика Британија воведе дополнителни санкции за Белорусија, особено за одреден извоз на стратешки материјал и медиумска пропаганда на таа земја, сојузник на Москва.

    Новите мерки „ќе го зголемат економскиот притисок врз (белорускиот претседател Александар) Лукашенко и неговиот режим, кои активно ги олеснуваат воените напори на Русија и го игнорираат територијалниот интегритет на Украина“, рече британскиот министер за надворешни работи Џејмс Клеверли.

    Лондон забрани увоз на злато, цемент, дрво и гума од Белорусија и забрани извоз од Велика Британија на материјали и технологија што може да се користат за производство на хемиско и биолошко оружје.

    Новиот закон и дозволува на Владата да ги принуди социјалните мрежи и давателите на интернет услуги да го ограничат пристапот до белоруските медиуми од Велика Британија, како што е веќе случај со руските медиуми.

    Велика Британија претходно воведе санкции против стотици белоруски личности и правни лица и забрани извоз на нафта и нафтени деривати, одредени технолошки компоненти, луксузни стоки и увоз на челик и железо.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img