More

    Еди Рама предлага план за излез од кризата

    spot_img

    Убеден сум дека треба да се распишат нови избори без да се губи време и тоа веднаш. Да се покаже волја пред сè, и да се деескалира ситуацијата, полицијата мора веднаш да се повлече, зашто ако странските трупи го заземат северот на Косово, прашањето којзнае по колку години ќе се врати на маса – изјави албанскиот премиер Еди Рама, нагласувајќи дека „сите се бориме за меѓусебно признавање на Косово и Србија“.

    Во насока на надминување на ситуацијата тој рече дека до францускиот претседател Емануел Макрон и германскиот канцелар Олаф Шолц, доставил нацрт документ за Заедницата на српски општини, а со што се запознати и претседателот на Советот на Европа, Шарл Мишел, како и американската страна.

    – Формирањето на Заедницата на српски општини на Косово е клучот за конечно да се отвори вратата за меѓународна афирмација на Република Косово и нејзиното признавање од сите, нејзиното членство во Обединетите нации и сите меѓународни форуми и меѓусебно признавање со Србија – смета Рама.

    Според него се работи за многу доверлив документ.

    – Документот несомнено не претендира да биде идеално решение, но ве уверувам дека е документ од највисоко меѓународно ниво, кој ги зема предвид сите причини за создавањето на асоцијацијата и дефинитивно зема предвид дека заедницата е дел од организацијата на животот во Република Косово, со адресирање на сите препораки или заклучоци на Уставниот суд на Косово – посочи Рама.

    Според него за Косово е од витално значење да излезе од овој ќорсокак и дефинитивно да го финализира процесот кој овозможува „меѓусебно признавање и конечно ослободување на Косово дури и од пречките од правна природа во однос на дел од Европа и светот што ги има со непризнавањето како република“.

    За Рама најголема опасност за Косово е заладувањето на односите со сојузниците, а не со Србија, за што цел свет го обвинува Албин Курти, премиерот на Косово.

    – Јас не го напаѓам Албин Курти. Целиот демократски свет Албин Курти го обвинува по име и презиме, а тоа само ми предизвикува жалење, бидејќи не гледам зошто тоа треба да се случи. Јас не сум тука ниту да му судам на Албин Курти, а уште помалку да го нападнам Курти. Денеска не е во прашање судбината на Албин Курти, туку судбината на Република Косово – додаде Рама.

    На прашањето дали Курти може да биде прогласен за персона-нон-грата од САД, за што деновиве се зборува, Рама рече дека „воопшто не навлегува во тоа прашање бидејќи ова нема

    посебна важност дали е вистина или не, сè додека не биде јавна изјава“.

    – Тоа се документи кои циркулираат непотврдени, но не и демантирани, но не е судбината на Албин Курти во прашање денес, тоа е судбината на Република Косово во целина и секако дека сакам само успех за Албин Курти, Владата на Косово, Република Косово и ништо друго, но не можам повеќе да седам и да гледам, во услови кога во реалноста тоа што го гледам мора да го споделам со сите, бидејќи тоа е многу голема закана, која не доаѓа кон Косово од Србија, туку доаѓа од заладувањето на односите со сојузниците на ниво каде што голем губитник е Косово. Ова е моја грижа – посочи тој.

    Според него Србија го прави она што го направила многупати досега, додека Косово прави нешто што никогаш досега не го направило и како никогаш досега е универзално обвинувано од сите стратешки сојузници на албанската нација.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img