More

    Се бореше во џиу-џицу, за малку ќе го загушеа!

    spot_img

    Може да го замислите Марк Закерберг како борец во арена? Тешко ви оди, нели.

    Токму затоа, јавноста беше прилично изненадена кога во саботата Њујорк Тајмс објави сторија дека основачот на социјалната мрежа Фејсбук, сега дел од неговата мега-корпорација Мета, се натпреварувал на турнир во боречката вештина циу-џицу во тнр. Беј ериа, во реонот на Сан Франциско, Калифорнија.

    Според извештајот, на мултимилијардерот и компјутерски маг, борбите и не му оделе лошо – успеал да освои два златни и еден сребрен медал во еден ден! Сепак, последната борба во која во финалето освоил сребро, се чини била многу тешка за Закерберг. Според извештаите, тој бил буквално задушен од противникот, до точка на онесвестување. Тоа може да звучи страшно, но често се случува во фул-контакт мечевите од ориенталните боречки вештини. Наводно, Марк почнал да кркори и да се гуши, поради што судијата го прекинал мечот и го прогласил неговиот противник Џеф Ибрахим за победник.

    Овие извештаи, кои можеби биле преувеличени, изгледа го иритираа основачот на Фејсбук и го активираа неговиот пи-ар тим, па тој реши да возврати. Во одбраната на Закерберг се вклучил и неговиот тренер за џиу-џицу. Во нивните реакции се вели дека не е точно дека Марк се онесвестил, дека судијата избрзал со одлуката да го прекине мечот, а неговото кркорење било од напор, и сосема погрешно е протолкувано како резултат на гушење.

    Во меѓувреме на социјалната мрежа Твитер се појави видео од спорниот натпревар, кој го снимила сопругата на победникот Џеф Ибрахим.

    – Ме повлече надолу и кога станав, неговите нозе беа обвиткани околу мене. Можев да се извлечам од неговиот стисок, но потоа тој некако ме повлече назад, но тоа не беше доволно цврсто – раскажува Ибрахим за контроверзниот натпревар, додавајќи дека техниката на Закерберг била „пристојна“.

    На видеото јасно се гледа како противникот на Закерберг успеал да добие доминантна позиција. Ибрахим не е сигурен дали Закерберг изгубил свест или се гушел, но вели дека стисокот на Закерберг за неговото кимоно почнал да слабее кон крајот на борбата.

    – Не сакав да го пуштам додека самиот не ми даде знак или судиите не ме спречат. Не знам какви звучи испуштал, бев премногу фокусиран на потезите – вели борецот.

    На видеото потоа се гледа како судијата во еден момент му приоѓа на Ибрахим и го тапка по грбот, што е знак да ја прекине борбата. Борецот најпрво бил збунет, како и Закерберг, кој се расправал со судијата и бил видно вознемирен. Сепак, кога судијата му објаснил зошто го направил тоаЗакерберг само кимнал со главата и спортски му честитал на противникот.

    Целата сторија за тоа дека милијардерот-компјутерџија се натпреварува во џиу-џицу беше наголемо коментирана на социјалните мрежи, па и на неговата – Фејсбук. Коментарите се движат од чудење („Кога тоа Марк Закерберг стана Рамбо?“), до воодушевување („Мислевме не знае да оди, ама тој ти бил УФЦ борец – респект!“), па до хумор („Противникот ќе биде итно блокиран од Фејсбук“).

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img