More

    Пресврт: Еврозоната во техничка рецесија

    spot_img

    Според последните податоци на европската статистичка служба Евростат, еврозоната влезе во техничка рецесија во првиот квартал од оваа година. Обемот на БДП се намали за 0,1 отсто на квартална основа втор квартал по ред. Во мај, Евростат процени дека областа на единствената валута бележи раст.

    Ревидираните податоци на европската статистичка служба Еуростат покажуваат дека економијата на еврото влезе во техничка рецесија. Неодамна во средината на мај, заводот за статистика во својата втора проценка објави раст на економијата на еврото од 0,1% во првиот квартал.

    Пред две недели Германија, која важи за мотор на европската економија, објави техничка рецесија.

    Во меѓувреме, во првиот квартал од оваа година, ЕУ како целина забележа раст на БДП од 0,1 отсто на квартална основа, откако економијата на Унијата се намали за 0,2 отсто во последниот квартал од минатата година, покажуваат денеска објавените податоци на Евростат.

    Што е техничка рецесија и кога станува рецесија?
    Техничката рецесија значи дека реалниот бруто домашен производ (БДП) паѓа најмалку два последователни квартали. Инаку, економистите на прашањето дали една економија е во рецесија одговараат со проценка на поширок опсег на показатели за економската активност. На пример, важно е нивото на вработеност, кое останува релативно високо во ЕУ, а се мерат и состојбата на нарачките и индустриското производство.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img