Лео Меси одлучи да ја продолжи кариерата во американскиот клуб Интер од Мајами. Аргентинецот ја потврди својата одлука на социјалните мрежи. Преговараше со Саудиска Ал-Хилал, имаше и опција да се врати во Барселона, но одлуката падна на американскиот клуб.
Меси пристигнува во Интер откако му истече договорот со француски ПСЖ. Во тој клуб освои две шампионски титули на Франција и еден Суперкуп.
Во интервју за Мундо Депортиво, Аргентинецот откри дека Париз нема добро да се памети:
Имав две години кога бев толку несреќен на лично ниво што не уживав во тоа“.
„И јас го имав тој месец кој заврши спектакуларно поради освојувањето на Светското првенство, но освен тоа, тоа беше тежок период за мене. Сакам повторно да откријам што е радост, да уживам со семејството, да уживам во денот“, им порача Меси на Шпанците по заминувањето од ПСЖ.