More

    Македонски државјанин осуден во Швајцарија за убиство извршено во 1999 година

    spot_img

    Маж по потекло од Македонија е осуден во швајцарскиот град Бил за убиство извршено пред 24 години. Судот го осуди македонскиот граѓанин (65) на 18 години и три месеци затвор за убиство и обид за убиство при грабеж, извршени во јуни 1999 година, јавуваат швајцарски медиуми.

    Во извештаите медиумите потсетуваат дека група од четворица мажи кобната ноќ упаднале во куќата на едно семејство и им ставиле лисици на двајца сопружници и на нивниот син, кој тогаш имал 14 години. Двата постари сина на двојката во тој момент не биле дома. Напаѓачите биле маскирани и вооружени, а еден од нив ги мачел врзаните родители и нивниот син.

    Кога двајцата постари синови на двојката ненадејно се вратиле дома, напаѓачите испукале најмалку четири куршуми, при што убиле еден од тројцата браќа, а друг тешко раниле. Напаѓачите потоа побегнале.

    Единствената ДНК трага водела до сега осудениот. Инспекторите за осомничениот дознале случајно дури во 2015 година, кога пријавил упад во неговиот киоск во Берн. Неговата ДНК трага потоа се совпаднала со ДНК трагите пронајдени на местото на злосторството во Бил.

    Бруталното злосторство ја потресе цела Швајцарија и со години се сметаше за нерешен криминален случај.

    Осомничениот од самиот почеток негираше вмешаност во грабежот, а неговиот бранител побара ослободителна пресуда, тврдејќи дека ДНК анализата е сомнителна. Но, јавното обвинителство сметаше дека е докажана вмешаноста на мажот во грабежот и побара затворска казна од 18 години.

    Заднината на грабежот останува нејасна. Во текот на истрагата, полицијата добила информации дека кривичното дело може да е поврзано со нелегална трговија со оружје меѓу двајцата синови на семејството и поранешни активисти на терористичката Ослободителна војска на Косово, но таа претпоставка не беше докажана.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img