Актерот Леонардо Дикаприо неодамна беше забележан со атрактивна девојка на одмор на Ибица, Шпанија.
Според медиумите, 48-годишниот актер уживал на јахтата заедно со 22-годишната манекенка Меган Роше и група пријатели. Меѓутоа, извор близок до актерот тврди дека не се работи за нова љубовна врска, туку дека манекенката е девојка на неговиот пријател.
Имено, актерот веќе некое време престојува во Европа, а минатата недела беше забележан на вечера во еден лондонски ресторан заедно со неговата мајка Ирмелин Инденбиркен и 28-годишната манекенка Нелам Гил, за која медиумите исто така се сомневаат дека е во врска со актерот.
Извесен период наголемо се пишуваше дека актерот е во врска со манекенката Џиџи Хадид поради тоа што биле забележани на исти забави, иако во изминатите неколку месеци многу девојки се поврзуваа со неговото име. Некои од нив се Викторија Ламас (24), Еден Полани (19) и Ирина Шајк (37).
Потсетуваме, Леонардо минатиот месец присуствуваше на Филмскиот фестивал во Кан каде беше претставен филмот на Мартин Скорсезе во кој ја толкува главната улога „Убијци на цветната Месечина“, кој доби бројни пофалби по премиерата.
ФОТО: Инстаграм/Твитер