Српскиот кошаркар Никола Јокиќ претходната вечер оствари историски трипл-дабл во победата на Денвер над Мајами (109:94) за водство од 2:1 во финалето на НБА. Јокиќ повторно беше јунак на навивачите на Денвер, но и на српските навивачи кои дојдоа на го бодрат својот сонародник на гостувањето во Мајами.
Србите собрани од сите делови на Флорида на Јокиќ му испратија оргинален поздрав скандирајќи духовит слоган пред салата.
„Чии коњи јаваш Никола, Никола…“, скандираа после натпреварот навивачите на српскиот кошаркар на добро позната мелодија.
Српскиот поздрав за Јокиќ го привлече вниманието и на многу американски новинари кои се прашуваа што воопшто значат овие зборови и зошто му ги скандираат на најдобриот кошаркар во лигата.
Причината, секако е љубовта на Јокиќ кон коњите им е добро позната на сите. Тоа го забележа дури и Кевин Дурант, кој во еден твит напиша дека Јокиќ тоа го интересира многу повеќе од славата.
Штом ќе заврши сезоната во НБА, Јокиќ оди во родниот Сомбор, каде што поголемиот дел од времето го поминува во шталата:
-Го сакам нивниот мирис. Најдоброто чувство на светот е кога ги храниш, самиот звук кога коњите јадат во штала е најдобриот звук што можете да го слушнете. Тоа е нешто што го чувствуваат само луѓето кои сакаат коњи – рече во една изјава Никола Јокиќ.
Во меѓувреме, тој им е посветен на кошарката и на Денвер нагетс кои се борат за шампионската титула во НБА. Претходната вечер Никола Јокиќ забележа трипл-дабл во кој запиша дури 32 поени, 21 скок и 10 асистенции, кои никој досега ги нема постигнато во НБА плејофот.