More

    Сепак, обезбедена е стартната позиција во Јадранската елита

    spot_img

    Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром попладнево загубија од Златибор со 84-88 во последниот натпревар од регуларниот дел од НЛБ АБА2 лигата кој нема резултатска важност, бидејќи актуелниот македонски шампион од претходно ја обезбеди стартната позиција во плејофот за пласман во Јадранската елита, кој од 13 до 17 април ќе се одржи во Скопје.

    Противникот извонредно шутираше во првото полувреме во кое неочекувано дојде до плус 20 (36-16). Македонскиот состав заигра многу подобро во продолжението, направи и целосен резултатски пресврт, но, во финишот немаше среќа и на крајот загуби.

    Адем Мекиќ блескаше со 19 поени и 11 скока беше најефикасен во редовите на МЗТ Скопје, кој натпреварот го одигра без Војдан Стојановски, а голем дел од средбата одмораше и Бојан Крстевски, кој го повреди прстот на раката.

    Прв противник во плејофот на македонскиот тим ќе биде поразениот од вечерашниот дуел помеѓу Младост Земун и Сутјеска.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img