Хрватската пејачка Даниела Мартиновиќ објави фотографија со своето момче, полицискиот инспектор Јосип Плавиќ. Со новата љубов и пријателите, Даниела го прослави објавувањето на нејзината нова книга „Туширање на душата“.
На фотографијата, Јосип ја прегрнал со насмевка на лицето, додека Даниела воодушевено ја кренала книгата во воздух.
Во март се дозна за врската на Даниела со криминалистичкиот инспектор кој исто така се занимава и со музика. Првата средба со новото момче Даниела ја опиша како „необична приказна“, а се случила пред една година, кога на интернет и бил украден идентитетот. Пејачката потоа го контактирала својот адвокат, кој ја упатил во полиција.
„Го пријавив тоа и мојот случај дојде на масата на Јосип и ете. Верувам дека се се случува во вистинско време“, изјавила Даниела за „ИН Магазин“, а потоа открила со што ја освоило нејзиното ново момче.
„Тој е навистина посебен, различен, неговиот поглед на животот, на пример, како се однесува со луѓето, никогаш навистина не сум го виделa тоа или многу ретко, кон обичните луѓе. Тој е љубезен, тој е посебен… Јас сега сум збунета, јас не знам за тоа да зборувам…“, рекла во една прилика Даниела.
ФОТО: Инстаграм