Албанскиот премиер Еди Рама повторно бранува со своето однесување. Тој на неодамнешниот самит на Европската политичка заедница во Кишињев со својот потег ги изненади сите, а најмногу италијанската премиерка Џорџа Мелони.
Од видеата кои се појавија на социјалните мрежи се гледа како Рама и приоѓа одзади на италијанската колешка, силно ја прегрнува и ја бакнува во образот.
Опозицијата во Албанија го критикуваше однесувањето на премиерот и порача да не се занесува дека е холивудска ѕвезда на црвениот тепих.