Најдобриот фудбалер на сите времиња Лионел Меси кариерата ќе ја продолжи во МЛС тимот на Интер Мајами.
Откако светските медиуми ја пренесоа оваа вест во текот на денот, трансферот го потврди Лионел Меси кој објави дека негова следна дестинација ќе биде Флорида.
Правејќи го овој избор да дојде во клубот кој го води Дејвид Бекам, тој ја одби значително поповолната финансиска понуда од Ал Хилал.
Претходните две сезони Аргентинецот ги мина во Пари Сен Жермен, но неодамна го напушти францускиот гигант, а сега за првпат би требало да игра надвор од Европа.