More

    Во тек е нов бугарски поход за асимилација на Македонците во Албанија, во реоните на Мала Преспа и Голо Брдо 

    spot_img

    Во тек е нов бугарски поход за асимилација на Македонците во Албанија, во реоните на Мала Преспа и Голо Брдо – предупредува претседателот на единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) – Васил Стерјовски.

    Деновиве претставничка на бугарското малцинство во владиниот Комитет за национални малцинства во Албанија Милена Селими престојувала во областа Голо Брдо населена со Македонци, а на Фејсбук објави дека се сретнала со претставници на бугарското малцинство во овој регион“.

    „Во Големо Острени, областа Голо Брдо, со жителите на бугарското национално малцинство, кои го наследуваат јазикот, традициите и идентитетот од колено на колено. Емоционална средба со Егла и Дениса, кои ви посакуваат добредојде на јазикот на предците. Се сретнавме со претставници на бугарското национално малцинство и разговаравме за нови активности за поддршка на заедницата. Сè поголемата соработка меѓу нашите две земји, Бугарија и Албанија, е сигурна гаранција за образовниот, економскиот и културниот развој на жителите на овие простори“, наведува Селими.

    Таа додава дека заедно со неа во Албанија биле директорката на Агенцијата за Бугарите во странство – Рајна Манхукова, амбасадорот на Република Бугарија во Албанија – Ивајло Киров, потоа Гезим Курти – претседател на „Здружението на Бугарите во Албанија“, администраторот на областа Острени – Луан Мјештри, како и претставници на Советот на општина Булќиза.

    Освен на нејзиниот профил на Фејсбук, објавата ја има и на веб-страницата на Комитетот, како и на веб-страницата на бугарската амбасада во Тирана.

    Според објавата на Селими на средбата со жителите од селото Големо Острени, покрај другото се разговорало и за олеснување на процедурите за обезбедување бугарски пасоши.

    Според претставниците на македонските душтва, се повеќе жители од областа Голо Брдо, главно млади, извадиле бугарски пасоши со цел да заминат во некоја од западноевропска земја и таму да обезбедат егзистенција, но тој број може да се зголеми.

    Областа Голо Брдо е еден од најсиромашните и најнеразвиени региони во Албанија, опфаќа 22 населени места, од нив 18 населени со Македонци, додека четири со мешано население, Македонци и Албанци.

    Претседателот на МАИЕ Стерјовски вели дека во ниту еден од досега спроведените пописи во Албанија од 1923 до последниот во 2011 година, ниту еден жител не се изјаснил како Бугарин, иако тоа не било забрането.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img