Кога луѓето мислат на хормони, тие обично мислат на машките и женските хормони тестостерон и естроген. Сепак, децата, исто како и возрасните, произведуваат многу други видови на хормони кои влијаат на речиси секој аспект од нивното физичко и ментално здравје.
Како што објаснуваат педијатрите, главната задача на хормоните е да им сигнализираат на клетките и делови од телото да прават одредени работи. Овие хормони патуваат до други клетки и помагаат да се контролираат или координираат многу телесни процеси како регулација на расположението, растот, развојот, функцијата на ткивото, метаболизмот, како и репродуктивните процеси, пренесува Index.hr.
Но, како да препознаете хормонални проблеми кај детето? Во случај кога хормоните не работат како што треба, односно не се ослободуваат правилно или се произведуваат во прекумерни количини, може да се појават одредени симптоми како што се:
дебелината
заостанат раст
мускулна слабост
лесно модринки на кожата
акни
висок крвен притисок
ненадејни промени во расположението
склоност кон депресија.