More

    Премиерот вели дека сме донеле исправна одлука

    spot_img

    „Република Северна Македонија денеска одбележува ден што ќе го празнуваат сите идни генерации и што е длабоко врежан во современата историја на Република Северна Македонија – 27 март денот кога нашата земја официјално стана полноправна членка на НАТО.

    По тој повод, претседателот на Владата Димитар Ковачевски, во својот текст на социјалните мрежи, истакнува дека пред точно две години остваривме една од стратешките цели поставени уште од осамостојувањето на државата – полноправно членство во НАТО алијансата. Две години подоцна, во екот на најголемата воена и економска криза по Втората светска војна, ја согледуваме исправноста на оваа одлука.

    Во овие неизвесни времиња, кога целиот свет се грижи за иднината и безбедноста, Северна Македонија е дел од најмоќниот воено политички сојуз кој го гарантира нашиот територијален интегритет и сигурност.
    НАТО е организација која обединува безмалку 1 милијарда луѓе, која генерира повеќе од 50 проценти од светскиот БДП и којашто е изградена на заеднички демократски вредности. Заради меѓународната поддршката за нашата евро-атлантска ориентација, членството во НАТО е дополнителен мотив за зајакнување на општествената кохезија во Северна Македонија и за зајакнување на отпорноста на нашата демократија.

    „Членството во алијансата е многу повеќе од гарантирана безбедност и заштита на нашите граѓани. Да се биде дел од НАТО значи исполнување на сите стандарди на цивилизираниот свет, како заштита на човековите права, солидарност меѓу народите и унапредување на демократијата“, нагласува премиерот Ковачевски во неговиот текст на социјалните мрежи.

    Како членка на НАТО ќе продолжиме активно да учествуваме во сите активности на Алијансата и да го градиме сојузништвото со нашите партнери. Оваа определба значи долгорочен развој за нашата земја и сигурна иднина за нашите деца.

    „Членството во НАТО дојде како резултат на одлучноста и непоколебливоста во остварувањето на оваа наша стратешка цел и со истите визионерски и сигурни чекори продолжуваме и понатаму за одговорно остварување на иднината на сите наши граѓани во ЕУ и евро-атлантската безбедносна заедница“, пишува претседателот на Владата Димитар Ковачевски во својот текст по повод двегодишнината од членството на нашата земја во НАТО.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img