Руски државјанин (46), неговата сопруга (50) и едно дете (9) биле пронајдени мртви во стан во Панчево, Србија, кога полицијата синоќа нешто по полноќ, по пријава од нивни пријатели, ја скршила вратата и влегла во станот. Како што јавува Нова.рс од местото на настанот, се работи за двајца доктори, настрадната Олга Г.Б. работела како неонатолог во Русија, а нејзиниот сопруг Ашов Г.В. бил хирург.
Мотивот за страшното злосторство не е познат. Според првичните сознанија Ашов прво ги убил сопругата и детето. Рускиот хирург со остар предмет ја избодел сопругата до смрт, а синот го задавил и потоа се обесил.
Според информациите што ги пренесуваат српските медиуми, тие се преселиле од Русија поради стравот од мобилизација.
-Со нив живееше нејзиниот син од првиот брак (18), но беше депортиран пред неколку дена. Тој стан е нивен, го купија пред два месеци. Сите сме во шок – вели соговорникот на Нова.рс.
Убиената Олга Г.Б. според сведочењето на соседите, сакала да се вработи во Србија.
-Немаше дозвола за работа во Србија, сакаше да се вработи овде. Неодамна истражуваше како да добие дозвола. Сакаа да започнат нов живот – раскажува сосетката на семејството.
Телата на настраданите се дадени на обдукција за да се утврди дали имало имало употреба на наркотични дроги, алкохол или лекови. Јавното обвинителство врши увид и прибира докази за утврдат сите околности поврзани со трагичниот настан.