Досегашниот фудбалер на Реал Мадрид, Карим Бензема, потпиша тригодишен договор со Ал Итихад од Џеда, пренесува АФП.
Реал пред два дена објави дека Бензема по 14 години ќе го напушти мадридскиот клуб, бидејќи францускиот напаѓач одби да ја продолжи соработката со шпанскиот вицешампион.
Францускиот фудбалер во изминатите 14 години со мадридскиот клуб освои 24 трофеи.
Тој својот последен натпревар за Реал Мадрид го одигра во неделата против Атлетик Билбао (1:1) и од пенал го постигна единствениот гол за мадридскиот клуб.
Бензема (35) пред Реал Мадрид играше за Лион. Клубот од Мадрид денеска најави прес-конференција на која францускиот напаѓач и официјално ќе се прости од Реал, а воедно ќе соопшти и каде ќе ја продолжи кариерата.
Извор близок до Ал Арабија наведува дека Бензема ќе заработува 200 милиони евра по сезона во клубот од Саудиска Арабија.
Ал Итихад ја освои шампионската титула оваа сезона.пp