Народниот правобранител Насер Зибери денеска во гостување во ТВ21 вели дека можно е тој да биде кандидат за прв Албанец премиер во Македонија.
Зибери беше кандидат за премиер на ДУИ на претходните парламентарни избори.
– Да, јас бев кандидат за прв премиер Албанец. Изборите завршија, резултатот од преговорите за составување на парламентарно мнозинство и коалиција се познати, така што, останува периодот за кој е договорено да биде именуван првиот премиер Албанец – рече Зибери во емисијата „Клик Плус“ на ТВ21.
Според него, со поставувањето на прв премиер Албанец се рушат табуата дека ова место е резервирано за само една етничка заедница.
– Тоа би значело надминување на таквите бариери и создавање амбиент во кој квалитетот, изборните резултати и визијата за иднината на земјата ќе бидат одлучувачки, а не припадноста – порача Зибери.