More

    Кои се очекувањата од лидерската средба помеѓу Ковачевски и Мицкоски?

    spot_img

    Што ќе промени утрешната лидерска средба помеѓу премиерот Димитар Ковачевски и првиот опозиционер Христијан Мицкоски?

    Темите за разговор се веќе дефинирани, ставовите и на двајцата лидери се веќе навидум зацементирани, па единственото прашање коешто во моментов виси во воздух е дали постојат шанси да се случи некаков пресврт и двајцата политичари утре да излезат пред јавноста со насмеани лица и да ни соопштат дека постигнале договор?

    Според политичките експерти кои ги консултираше Плусинфо, промената на ставовите кај едниот или кај другиот политички лидер е возможна само ако биде извршен силен надворешен политички притисок.

    Средбата е закажана за утре, во 11 часот, во Клубот на пратеници во Скопје.

    Постои можност за пресврт?

    Немам големи очекувања од политичката лидерска средба која во нормални демократии треба да биде вообичаена, како дел од (вон)институционалниот политички дијалог помеѓу власта и опозицијата, вели политичкиот аналитичар Благојче Атанасоски.

    – За жал, во нашата пештерска и примитивна политичка антикултура, јавноста ги доживува ваквите средби како нешто драматично и се возбудува од нивниот исход. Тоа само говори колку ние сме назад од развиените демократии и колку ние ништо не сме научиле во целокупното наше 30-годишно практицирање на повеќепартиската демократија. Во пресрет на утрешната лидерска средба, и двајцата лидери имаат рововски вкопани и јасни ставови, па некаков евентуален пресврт би можел да се очекува само доколку се изврши висок американски надворешен притисок. А вака како што стојат работите, со кристално јасните ставови на лидерите, средбата е депласирана, односно непотребна – објаснува Атанасоски.

    По завршувањето на лидерската средба, додава тој, се враќаме на старите навики.

    – Ќе продолжиме да функционраме онака како што функциониравме и досега – со политички обвинувања, меѓусебни дисквалификации за кои не се бира веќе ни пристоен речник во јавноста, а сето тоа дополнително ќе ја намалува излезноста на граѓаните на идните избори и ќе ја зголемува фрустрацијата кај обичните граѓани кои само сакаат да живеат во нормална и институционално функционална држава. Дополнително ќе се зголемува и бројот на луѓе кои ќе се отселуваат од својата татковина – вели Атанасоски.

    Не е прашањето „дали“, туку „како“

    Политикологот Димитар Христов во разговор за Плусинфо вели дека овојпат прашањето не е „дали ќе се менува Уставот“, туку „како ќе се менува Уставот“.

    Очекувам средбата да вроди со плод и двајцата лидери да изнајдат заедничко решение.

    Димитар ХристовПолитиколог

    – Лично сум многу против средби кои се одржуваат зад затворени врати, бидејќи народот е тој што ги гласа политичарите и народот им дава легитимитет за да носат одлуки. Затоа, сметам дека нема потреба од вакви тајни средби на кои може само да се претпостави што точно се случува таму. Од друга страна, пак, очекувам средбата да вроди со плод и двајцата лидери да изнајдат заедничко решение. Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, иако настапува прилично патриотски, сепак мислам дека ќе мора да малку да ја спушти топката и да попушти, а за возврат да добие предвремени парламентарни избори. Сепак, каква и да излезе одлуката зад затворени врати, таа ќе треба добро да се разгледа и да се преиспита – вели Христов.

    Аналитичарот Синиша Пекевски, пак, смета дека утрешната лидерска средба е само театар во организација на власта со цел да се прикаже дека во носењето одлуки од национален карактер е вклучена и опозицијата.

    – Јасно ни е на сите дека СДСМ нема да бира начин како да ги истурка оние работи кои треба да ги истурка во Парламентот преку промената на Уставот и внесувањето на Бугарите во Преамбулата. Одржувањето на лидерската средба е само најобичен театар во режија на СДСМ, со цел да се прикаже дека, ете, и опозицијата е вклучена во процесот на носење важни одлуки од национален карактер. Сепак, јас не верувам дека лидерската средба ќе донесе било какви промени. ВМРО-ДПМНЕ сака да покаже кооперативност и тоа е добро за партијата, но реално сметам дека нема да има апсолутно никаква промена – ниту во ставот кај едните, ниту во ставот кај другите. Не само ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, туку и другите политички партии, а особено интелектуалната фела, многу порано требаше да се вклучат во изградба на национална стратегија – вели Пекевски.

    Лидерите се спремни за лидерска

    Премиерот Димитар Ковачевски истакна дека форматот на лидерската средба го одбрал првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ и затоа ќе била тет-а-тет средба.

    Претседателот на Владата очекува на средбата да се најде заеднички јазик.

    – На една страна имаме интеграција во ЕУ, а на друга страна имаме изолација. И јас се надевам дека тоа што го сакаат сите граѓани ќе го изберат и сите политичари, а тоа е интеграција на државата во ЕУ. Очекувам да разговараме отворено за сите теми бидејќи се значајни. Се надевам дека ќе дојдеме до заеднички јазик за тоа на кој начин треба да продолжиме со интеграција. Инаку, ќе имаме изолација – рече Ковачевски.

    Тој како тема на договарање со опозицијата веднаш ја исфрлил можноста за одржување предвремени избори, бидејќи, како што истакна, изборите ќе си билат во редовен термин.

    Од ВМРО-ДПМНЕ, пак, очекуваат да се разговара што и како ќе се случува откако нема да поминат уставните измени за внесување на Бугарите во Прембулата на највисокиот правен акт.

    Од партијата на Христијан Мицкоски велат дека ставот на партијата е јасен, уставни измени нема да има, и ова Собрание нема легитимитет за таков чекор.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img