Уште не е познато зошто беше пронајден мртов во затвор 79-годишниот Роберт Хансен, двојниот крт на САД и на Русија, кој своевремено откри таен тунел на ФБИ, а собра 1,4 милиони долари во готово и во дијаманти за „високо доверливи информации за националната безбедност“.
Хансен беше осуден на доживотен затвор во мај 2002 година откако беше прогласен за виновен по 15 точки и не беше дозволено негово помилување. Денеска тој беше пронајден мртов во ќелијата, а залудни биле обидите на докторите да го реанимираат.
Хансен почнал да шпионира за ФБИ во 1976 година, но три години подоцна почнал да им дава информации и на Русите во КГБ. Во 1980 година сопругата во фатила дека шпионира во нивниот подрум дома, а бидејќи двајцата биле членови на католичката секта Опус Деи, тој тоа морал да го признае и во сектата.
Поради ова на кратко престанал да шпионира. Но, во 1985 година се вратил како шпион на КГБ користејќи ги имињата Б. или Рамон Гарсија. Тогаш тој им открива на Русите а тајниот тунел на ФБИ, информација која ќе ги чини ФБИ стотици милиони долари.
Неговата работа останала неоткриена токму поради тоа што тој собрал повеќе од 1,4 милиони долари за шпионажите. Дури во 2000 година Америанците успеале да ги пронајдат руските документи кои ги довеле до него. Го уапсиле во 2001 година во Вирџинија Парк, токму откако тој им доставил доверливи документи на руските партнери, а следната година бил осуден.