Музичката ѕвезда Тејлор Свифт и музичарот Мети Хили раскинаа по еден месец врска, пишува ТМЗ.
Извор близок до парот за американските медиуми изјавил дека „Тејлор повторно е сингл“, а не е познато зошто ја прекинала романсата со Мети.
Потсетуваме, откако се дозна дека Тејлор Свифт раскинала со долгогодишното момче Џо Алвин, набрзо се проширија информации за нејзината врска со музичарот. Неодамна беа снимени како излегуваат од студиото во Њујорк, а пејачката не ја симнуваше насмевката на лицето.
Инаку, Хили е фронтмен на популарниот англиски поп рок бенд „1975“, а пејачката еднаш веќе паднала на неговиот шарм пред девет години. Во тоа време кратко биле заедно, врската брзо се распаднала бидејќи тој се повлекол. Тој заклучил, имено, дека излегувањето со Тејлор е премногу напорно за него, а извесно време негирал дека воопшто се во врска.
Мети деновиве стана популарен во јавноста кога среде концерт на Тејлор Свифт страсно го бакна членот на обезбедувањето покрај бината.