More

    Пикот на поплавата надоаѓа, следи хуманитарна криза

    spot_img

    Четири дена може да потрае голготата на жителите на Херсон поради уривањето на браната Каховка од руските сили, а според украинскиот портал Обозревател водата веќе стигна до населбите околу градот и тоа на двете страни од Дњепар. Нивото е покачено десетина метри, пишува РИА Новости. Антон Герашченко, советник во украинското МВР рече дека 16.000 луѓе се загрозени.

    „Врвот“ на поплавата се очекува денеска околу 11 часот. На социјалните мрежи веќе кружат видеа.

     

     

     

     

     

     

    На десниот брег најавена е евакуација на населбите Николаевка, Олхивка, Лвов, Тјагинка, Поњативка, Иванивка, Токаривка, Приднипрвске и Херсон.

    „Тоа е еколошка катастрофа – десетици илјади тони риби и единствена биосфера ќе умрат. Гнездата на милиони птици во мочуриштата покрај левиот брег на реката Днепар се поплавени. Каналот Северен Крим сега ќе пресуши и ќе остане сув уште долго време. Луѓето на југот и на Крим ќе останат без вода за пиење“, објаснува Герашченко во друга објава на Твитер.

     

     

    Неконтролираното опаѓање на нивото на водата е дополнителна закана за окупираната нуклеарна централа Запорожје. Водата од езерото Каховка е неопходна за ладење на реакторот, односно електраната да добие енергија за турбинските кондензатори и безбедносните системи на нуклеарната централа.

    Во моментов, базенот за ладење на станицата е полн, а украинскиот персонал во централата внимателно ги следи сите индикатори, според UkrHydroEnerg, државната компанија која управува со големи хидроелектрични централи долж реките Днепар и Днестар.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img