Колку заработува српскиот ас, откако ќе го „одерат“ државата и агентите?

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Кошаркарите во НБА заработуваат многу пари и тоа се знае, меѓутоа и другите заработуваат многу од нив, почнувајќи од државата, градот, агентите… Кога сѐ ќе се собере и одземе, нивната нето заработка може да биде и до 50 проценти помалку од нивниот бруто приход, што е случај и со Никола Јокиќ.

Според објавените податоци, српскиот ас во Денвер заработува 46,9 милиони долари, но таа сума значително се намалува кога ќе плати сѐ што го обврзува земјата во која работи.

Прв и најголем трошок е федералниот данок кој изнесува неверојатни 17,36 милиони.

Понатамошните трошоци се значително помали, но сепак се во милиони.

На Колорадо му плаќа данок во износ од 2,06 милиони, додека таканаречениот „џок“ данок е 1,4 милиони, тоа е данок на доход што им се наплатува на посетителите во градот или државата кои заработуваат таму. Покрај тоа, тој плаќа данок на придонесот, кој во неговиот случај изнесува 436.000 долари.

Кога од тоа ќе му се одземат уште милион и 41 илјада долари, кои му ги плаќа на агентот, му остануваат 24,23 милиони долари.

 

Share This Article