More

    Тајзи и Иле Спасев и направија одлична песна на младата Драгана Јовановска!

    spot_img

    Многумина ја забележаа на едно регионално музичко натпрварување каде со своите вокални квалитети успеа да ги освои симпатиите на публиката, не само во Македонија, туку и во поранешните југословенски републики…

    Тогаш беше навистина малечка (9), а многумина и прогнозираа блескава музичка кариера…

    По се изгледа овие предидувања од тогаш полека се остваруваат… Младата Драгана Јовановска (16) денеска ја објави нејзината втора авторска песна.

    Новиот проект на Драгана носи наслов „Камиказа“, а за истата таа со својот тим од соработници сними и доста интересен видеоспот на кој како режисер се потпишува Горан Симјановски.

    – Целиот спот е сниман во прекрасните делови на Скопје и едно од најдобрите атељеа „Далерија“ во кое можат да се видат прекрасни дела на наши уметници. Јас лично сум многу задоволна од целиот проект кој заедно со многу луѓе кои се воедно и мој тим вложивме многу труд, љубов и време за публиката да може да ужива во ова прекрасно дело – вели Јовановска.

    Инаку на оваа песна работеа едни од најквалитените музички имиња во нашата земја, тоа е продуцентот Иле Спасев и познатиот рапер Тајзи.

    Драгана не застанува тука, таа веќе работи на новите проекти и ветува во иднина многу нови песни, видеоспотови и големи проекти…

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img