Кошаркарот на Денвер нагетс, ДеАндре Џордан одговараше на прашања на навивачите пред вториот натпревар од финалето на НБА. Едно од нив беше за православниот поздрав што го научи од неговиот соиграч Никола Јокиќ. Џордан трипати го бакнува Јокиќ, како што налага православната традиција, а тој објасни како го усвоил овој обичај.
„Тоа е српски поздрав. Кога видов како се поздравуваат Никола и Бобан Марјановиќ, ги прашав што е фората. Ние вообичаено си дававме пет или се ракувавме по победи, но сега го правиме ова. Не е важно кој образ е прв, важно е само да се бакнете три пати“, им објасни Џордан на фановите на НБА.