ВМРО-ДПМНЕ потврди дека во среда во Клубот на пратеници во 11 часот ќе се одржи лидерска средба меѓу претседателот на СДСМ и премиер Димитар Ковачевски и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.
„Форматот на средбата ќе биде тет-а-тет. До средбата претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицкоски ќе изврши широки консултации со Пратеничката група, Коалицијата и Извршниот Комитет. Ставот на партијата е дека уставни измени нема да има, и ова собрание нема легетимитет за таков чекор.
Очекуваме Ковачевски да излезе од стегите и заложништвото на ДУИ и да прифати да разговара за периодот што по фактот дека уставните измени нема да го имаат потребното мнозинство“ – се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.