More

    Девојките се одлучуваат на венчавка на 27, а момчињата на 30 години

    spot_img

    Минатата година во земјава биле склучени вкупно 12.882 бракa, што е за 2,4% помалку од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.

    Најмногу бракови, 1. 851 или 14,4 %, се склучени во месец август, а најмалку во ноември, 761 брак или 5,9 %.

    Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 93,7 % за жените и 93,2 % за мажите.

    Во втор брак со учество од 6,3% и трет брак со учество 0,5 %, во вкупниот број на склучени бракови, почесто стапуваат мажите.

    Во 2022 година, најголем број бракови 4.263 или 33,1% кај жените и 4.721 брак или 36,6% кај мажите се случиле во старосната група од 25 до 29 години.

    Просечната возраст при склучување на прв брак е 27,4 години за невестата и 29,9 години за младоженецот.

    Бројот на разводи, пак, во 2022 година бележи намалување од 17,9 % во споредба со 2021 година и изнесува 1. 613 разведени брака.

    Најмалку бракови, 38 или 2,4 % во текот на годината се разведени во месец август, а најмногу 195 или 12,1 % во месец март.

    Според возраста, најголем број на разводи  298 или 18,5 % кај жените и 281 развод или 17,4% кај мажите се случиле во истата  старосната група  од 30-34 години.

    Според траење на баракот, најмногу разводи 360 или 22,3 % се случиле од 5 до 9 години по склучување на бракот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img