На предлог на Вишото јавно обвинителство во Белград, судот во Белград му го продолжи притворот за уште 30 дена на Владимир К. таткото на 13-годишното момче-убиец Коста К., кое на 3 мај уби десет и рани шест лица во основното училиште „Владислав Рибникар“ во главниот град на Србија.
Притворот е продолжен поради посебни околности кои укажуваат дека обвинетиот во случај да биде пуштен за кратко време ќе го повтори кривичното дело, како и поради тоа што обвинетиот е основано сомнение дека сторил кривично дело за кое е пропишана затворска казна над 10 години, а начинот на извршување и сериозноста на последиците од кривичното дело доведоа до вознемиреност кај јавноста, што може да го загрози непреченото и правично водење на кривичната постапка, соопшти Судот.
Владимир К. беше уапсен веднаш откако неговиот син, кој не одговара кривично бидејќи нема навршено 14 години, изврши масакр на училиште.