More

    Остри критики за одлуката на Работната група за предлагање уставни амандмани

    spot_img

    Ако и Торбешите не бидат вметнати во Уставот, тоа ќе претставува една голема дискриминација и ќе претставува доказ дека демократијата, Европската Унија и западната цивилизација сѐ уште се мисловна именка за сите нас, вели бизнисменот Фијат Цаноски, кој на Фејсбук напиша дека не може да разбере зошто некому му пречат Торбешите.

    Ако после сите ветувања и после Пописот на кој беа попишани повеќе од 6.000 Торбеши, а ги има најмалку 120.000, не бидат вметнати во Уставот, тоа ќе биде уште една голема дискриминација

    Фијат ЦаноскиБизнисмен

    „Не можам да ги разберам ниту властите, ниту нашите браќа Турци во Македонија зошто им пречи зборот Торбеши или македонски муслимани, горанци, помаци или други називи, за група луѓе на кои македонскиот јазик им е мајчин јазик и кои имаат вградено државничко чувство и си ја сакаат својата држава. Освен сите кои се вметнуваат во Уставот, сега се прави исклучок и преседан само за оваа група на граѓани кои слободно се самоизразиле како Торбеши на последниот попис. Овие луѓе се нераскинлив дел од Македонија, од македонското општество, јазик и култура, а од друга страна имаат исти обичаи со турската култура и вредности, па затоа велиме дека сме браќа со Турците, а Турција секогаш била и ќе биде наша втора татковина. Овие нашинци исто така се во блиски врски и со Албанците, Бошњаците и други нации кои ги има премногу на овие наши балкански простори. Ако после сите ветувања и после пописот на кој беа попишани повеќе од 6.000 Торбеши, а ги има најмалку 120.000, не бидат вметнати во Уставот, тоа ќе биде уште една дискриминација и доказ дека демократијата, Европа и западната цивилизација се сѐ уште мисловна именка за сите нас“, пишува Цаноски.

    Ваквата негова реакција следуваше откако Работната група за предлагање уставни амандмани предложи и изгласа документ за менување на Уставот со кој ќе се вметнат 6 народи, но меѓу нив нема да бидат Торбешите како посебна етничка заедница или народ.

    Реакција пристигна и од Здружението „Обединети Торбеши“ од каде што велат дека Уставот треба да биде направен за да ги штити правата на сите граѓани без разлика на нивната раса, вероисповест, пол или етничко потекло.

    „Со големо внимание ја следиме дебатата околу предлогот за невнесување на Торбешите во Уставот на Северна Македонија и би сакале да ја изразиме нашата реакција. Уставот треба да биде направен да ги заштитува правата на сите граѓани без разлика на нивната раса, вероисповест, пол или етничко потекло. Воинствувањето на принципите на рамноправност и инклузивност е од суштинско значење во изградбата на едно демократско и разнолико општество. Торбешите, како и секоја друга етничка група во С.Македонија, имаат право на задржување и негување на својата култура фолклор и традиција. Овие права треба да бидат заштитени и поддржани, сочитајќи ги со законите и мегународните конвенции. Стремежот кон инклузија и усогласување на различностите треба да биде постојан приоритет за нашето друштво. Да се земе во предвид и последниот Попис на кој како Торбеши беа изјаснети 6.017. Исто така и трите парламентарни пратеници кои беа изјаснати, како Торбеши и без дел од пратениците во Собранието на РСМ“, соопштија од Здружението „Обединети Торбеши“.

    Работната група која ја предводи Маргарита Цаца Николовска предложи во Уставот да се внесат Бугарите, Хрватите, Црногорците, како и словенечкиот народ, еврејскиот и египќанскиот народ. За овој предлог гласале сите членови на групата чиј мандат прекинува со изработка на предлогот за пристапување кон измена на Уставот.

    Предлогот ќе треба да го одобри владата, а потоа ќе биде испратен до Собранието каде ќе треба да се изработат амандманите кои ќе се најдат пред пратениците.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img