Во 2002 година Тим Стормс (50) го постави рекордот за најниска нота некогаш испеана, а потоа во 2012 година го собори со нота од само 0,189 Hz, а го држи и светскиот рекорд за личност со најширок вокален опсег.
Затоа, неговите можности се навистина импресивни и неразбирливи за „обичните смртници“. Очекувано по професија е пејач и настапува низ целиот свет.
За себе вели дека е исклучително тивка личност и дека прескокнал голем дел од пубертетот бидејќи „никогаш не поминал низ таа адолесцентна фаза на промена на гласот“, пренесува Клик.хр.
Додека некои луѓе кои сакаат нивниот глас да звучи поинаку може да одат на операција на нивните гласни жици, способноста на Тим да ги погоди ниските ноти е сосема природна. Прво се прослави откако испрати снимка од својот глас на меѓународен натпревар и убедливо победи.
Луѓето едноставно го сакаат звукот на неговиот глас, опишувајќи ги неговите гласни жици како „буквално само пар сабвуфери“ и велејќи дека кога го слушаат, можат „да почувствуваат како нивната глава вибрира“. Многумина кои гледале видеа од пеењето на Тим се запрашале како звучат тие длабоки, тивки звучни бранови, одблиску и во живо.
Но, има и критичари, односно „неверниот Том“. Тие чувствуваат дека Тим не го користи својот глас правилно за да ги погоди ниските ноти, туку користи нешто што се нарекува „вокално пржење“. Тоа е најнискиот регистер на гласот кој звучи како жуборење во грлото и се создава со бавното движење на воздухот.