Синоќа навивачите на Галатасарај ја прославија новата титула во турскиот шампионат, но прославата остана во сенка на еден детаљ што се случи во Бурса.
Имено, синоќа за време на прославата на навивачите на Галата, 21-годишниот Јусуф Ј. со својот автомобил влета во толпата поддржувачи на овој тим. Тогаш три лица се повредени и завршиле во болница, а тој самиот побегнал од местото на несреќата.
Галата ја освои титулата со победата над Анкарагучу (4:1), а потоа имаше големо славје ширум земјата.
Турскиот гигант има база на навивачи низ целата земја, вклучително и во Бурса, каде се случи немилиот настан.
Откако ги повреди навивачите на Галата, Јусуф побегнал од местото на несреќата, но малку подоцна и се предал на полицијата.
Во полициската станица рекол дека на неговиот сопатник во автомобилот му се слошило, дека свирнал за навивачите да се сокријат, но потоа се обидел да се пробие низ толпата, по што неговиот автомобил бил нападнат.
Видеото можете да го погледнете во прилог: