Стадо диви свињи синоќа направиле хаос на автопатот Бања Лука-Градишка и предизвикале две сообраќајни несреќи во кои едно лице е повредено, пренесуваат регионалните медиуми.
Бањалучката полиција околу 23 часот прво била известена дека возило удрило во диви свињи во местото Јакуповци, а додека ја чекале полицијата, во близина поради дивеч се случила уште една сообраќајка, објави Vjesti.ba
Во таа сообраќајка учествувале две возила, а според информациите од бањалучката полиција, во несреќата е повредена сопатничка во едно од возилата.
фото: Vjesti.ba