More

    Северина тајно се сретнала со Бреговиќ во Белград

    spot_img

    Хрватската пејачка Северина Вучковиќ минатата недела престојувала неколку дена во Белград, Србија, каде меѓу другото, одржала настап во салата на хотелот во кој престојувала, за што нејзините обожаватели морале да издвојат од 250 до 300 евра.

    Меѓутоа, како што се дознава од извор близок до хрватската пејачка, времето во Белград го искористила и за тајно да се сретне со својот поранешен емотивен партнер, а сегашен пријател и соработник Горан Бреговиќ, со кој била во тајна врска од 2006 до 2008 година.

    Двајцата се договориле дека најдобро би било таа да дојде во неговата вила во Сењак, за да ги избегне медиумите и да уживаат во целосна приватност. Тие по тој повод ги утврдиле сите детали од нивната нова деловна соработка на новиот албум на пејачката, а таа му исплатила и половина од долгот од 30.000 евра, поради што долго време имала проблеми со објавувањето на проектот „Sorry, sorry“, пишува „Пинк“.

    – Северина рано наутро, директно од хотелот каде што и пеела претходната вечер, отишла во вилата на Брега во Сењак, каде што живее додека е во Белград. Се договориле таа да дојде сама, па за да ги измами папараците, таа наместо со својот автомобил, кај него отишла со такси. Тие поминале речиси четири часа во приватноста на неговиот дом. Прво ги решиле сите финансиски проблеми кои настанале помеѓу нив поради нејзиниот долг кон него од 30.000 евра. Половина му вратила, додека другиот дел ветила дека ќе му го плати веднаш штом излезе првата половина од нејзиниот албум „Sorry, sorry“ – рекол изворот за „Пинк“ и додава:

    – Брега се согласи со тоа, па сега е решено. Освен тоа, двајцата конечно се договориле тој да и отстапи дел од неговата песна „Липе цвату“, која Севе ќе ја искористи во една од своите нови песни од албумот.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img