Оливер Андреевски и Елисавета Булоска ќе бидат овогодишните зет и невеста на традиционалната Галичка свадба. Месната заедница Галичник го објави следново:
„Драги галичани и љубители на Галичник,
Со голема радост Ви соопштуваме дека по објавениот конкурс за избор на невеста и зет на Галичка свадба 2023 година, советот на МЗГ го избра среќниот пар. Овогодишен зeт е Оливер Андреевски, со потекло од галичката фамилија Шулески, долгогодишен учесник на галичка свадба како и дел од организацијата на повеќе настани во Галичник, додека невестата е Елисавета Булоска со потекло од Охрид. Парот ги исполнува сите потребни услови за учество во галичката свадба.
Нека се вечно среќни и бериќетни, да се ќердосает! Годинава на венчавка, вгодина на крштевка!
За многу години да им е љубовта и среќата!“