Српскиот фудбалер Немања Гудељ преку својот инстаграм-профил завчера ја информираше јавноста дека за жал, тој и неговата избраничка Анастасија Ражнатовиќ го загубиле своето бебе.
Анастасија вчера реши на одредено време целосно да се повлече од јавноста, па го избриша својот профил на оваа социјална мрежа, а најтешкиот период во животот, низ кој сега минува, го поминува во друштво на Немања и најблиските пријатели и членовите на семејството.
Гудељ реши повторно да се огласи на својот Инстаграм и да им се заблагодари на луѓето за поддршката и за убавите зборови што им беа испратени.
„Ви благодарам!“, напиша Немања на шпански со емотикон на црвено срце и скрстени раце во молитва.
По оваа објава, Немања објави и своја фотографија од фудбалскиот терен, а емотиконот ангелче растажи многумина.
Немања ги објави и зборовите за поддршка од колегите, но и од навивачите на фудбалскиот клуб, кои ѝ порачаа на Севилја да игра за ќерката на Гудељ.
ФОТО: Инстаграм