More

    Нејмар даде зелено светло, сака само да премине во Манчестер Јунајтед

    spot_img

    Фудбалерот на Пари Сен Жермен, Нејмар изјави дека летово ќе го напушти клубот само доколку биде префрлен во Манчестер Јунајтед.

    Нејмар во последните години нема добри односи со навивачите на парискиот клуб и со чести проблеми со повреди и однесување, раководството на клубот сака да го продаде на лето.

    Британските медиуми објавија дека Бразилецот, чиј скап договор истекува за четири години, ќе го напушти Пари Сен Жермен само доколку пристигне понуда од Олд Трафорд.

    Менаџерот на Јунајтед, Ерик тен Хег сака да доведе нов напаѓач и би можел да размисли за доведување на Нејмар, кој постигна 118 гола на 173 натпревари за Пари Сен Жермен.

    Сепак, трансферната сума и платата би можеле да бидат проблем, бидејќи Нејмар останува најскапиот фудбалер во историјата. Неговата неделна плата е речиси милион фунти, а во случај на преселба во Јунајтед, неговите примања сигурно ќе бидат помали.

    Нејмар ја пропушти прославата на шампионската титула на неговиот тим во неделата, откако одлучи да присуствува на трката за Големата награда на Монако во Формула 1.

    Тој нема играно од март откако го повреди скочниот зглоб.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img